• среда, 04 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
29 јуни 2020 (МИА) Верувања и суеверија Вапир Собрале се моми уф една воденица. Та била воденичарка една стара баба. Тија била јако сирумашка. Една мома донесла мас, една дрва, една тепција, една вршник, една брашно, една сирене, та си наприли шупла да вечераа. Таман ја испекли току се почукало на вратата. Помислили ке е момче. Па одеро на бабицата бил на магарици. Бабицата току тргнала тепцијата под одеро та отворила. Ага видела, ага не е момче ми е вапер. Момите прели, прели па тој туку реркал: „Ајдате да вечераме моми!“ Па та рекла: „Ајда ма нема шчо“. Та тој рекал: „Јас ке ви донеса вечере.“ Отишел да донесе. В гробишчата имало закопан човек през дене. Ископал го та го одвел кату ка си е облечен да го изеда. И тија току излазал де тој запретали в пепел огине, та си легнали. Таја се тајали, не отворали. Па петлите попали. И тој току воправил човеко до вратата та се стопил. Таја станала ф утрината отворили вратата туку пухнал умрал човек ф одајата. Изплашили се фного, та накои од страх умрали. Од зборникот на браќата Молерови. За толосумот Бил некој Аврам, стар, и си одел за Гостивар. Ко се враќал дома ко сишол нагоре за Вруток било ноќе, среде полноќ. Во Равен му излегол некој волк и коњот му се допрел напата. Се станал со ѕадните ноги и коњот се допрел никако не одел за Вруток. Требало да го пуштит крајот од појасот за да тргнет коњот. И коњот тргнал и си дошол до Света Мина. Туе му излегло пред него едно јаре и тоа врескало. Тој го повабил и тоа му дошло на коња. До негде го кротил, сакал да го однесе дома, му викал: царе, царе сакал да го донесит дом,а мислел да не е јаре. Ко се приближил до Вруток чим кучината залајале, јарето скокнало побегнало. Тоа да ти бидит толосумот. После ка дошол до кеј џамијава му излегло туа прасе. Ама тој се сетил да е толосум и гизвајл ножот и извикал оздола да го поземат луите. Од Бабин дол. Од книгата „Текстови од дијалектите на македонскиот јазик“ од Божидар Видоески, Скопје 2000. Еснафски слави во Тетово Еснафски слави во Тетово. Еснафите имале свои светци како заштитници на занаетот. Во очи на денот на славата, членовите на еснафот оделе во домот на кумот за таа година. Таму со музика и веселба се шарала ченцата. Тоа значело дека на изготвената пченица се правеле шари во форма на производите на еснафот. На пр. ако занаетчиите се колари, на пченицата се правела шара во форма на колско тркало, на абаџиите им се правела во форма на елече, на меанџиите – во форма на грозд, на столарите – во форма на врата и сл. Овие шари најчесто од шеќер во Тетово ги изработувал Симо Бојаџија. Утредента на денот на славата, еснафот одел во црквата со ченцата и панагијата (славски колач) и по црковната процесија, на светецот – заштитник на еснафот се чати ченцата и се служи со лажица. Во црквата ќе се јави новиот кум кој претходно се договорил со членовите на еснафот. Повторно со музика низ градот поворката одела кај новиот кум каде се честела со ракија и мезе и се веселела до пладне и го прославувале денот на нивниот занает. Кон крајот на триесеттите години кумот ги честел своите колеги во некоја од тетовските кафеани. Еве еден од повиците за една еснафска слава во Тетово преку локалниот весник.: Св. Илија, слава на пекарите. Режењето на славскиот колач ќе се изврши во црквата Св. Никола. Честитањето и послужувањето ќе бидат во кафеаната на Бошњаковци. Домаќин на славата за таа година ќе биде Блаже Лазиќ.“ Религијата во училиштата. религијата во училиштата била со доминантно влијание. Уште со појавата на првите ќелијни училишта свештениците биле првите учители. Религијата во наставата доминирала, но таа била присутна и надвор од наставната програма. Иако граѓанските училишта во првата половина на 20 век добиле своја модерна европска концепција на образованието, еден од предметите кои се учеле била веронауката. Училиштата ги славеле верските празници со свои пригодни програми. Учениците дури морале да ги почитуваат и постите за да се причестуваат заедно со наставниците на крајот од постоите. „Денеска во нашите цркви извршено е причестување на сите ученици и ученички од основните училишта, Гимназијата, Земјоделското и Работничкото училиште. По причестувањето на учениците се причестија и голем број граѓани. Од книгата „Македонците во Тетово од ала турка до ала франга, од Бранислав Светозаревиќ – Покорни, Скопје 2015 г. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан