• среда, 27 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
4 мај 2021 (МИА) Растенијата во македонските народни песни  Пушчи ја, бабо, мори, Тодорка Пушчи ја, бабо, мори, Тодорка, на Вардар в лозје да ојме, вишни черешни да бериме, и скоро здрели, леле, јаболка. Како да је пушчам, лудо, Тодорка, делми сте пуста, лудо, роднина, тате и татко ти два брата, мама и стрина, лудо, јатрви, вие сте, лудо, први брачеди. Ако со око бабо намигнам, очиве да ми, бабо, истерчат, ако со рака, бабо намахнам, ракава да ми се, бабо, исушит, ако со уста, бабо, прогорам, устава да ми, бабо, онемит. Прошетав горе, прошетав долу Прошетав горе, прошетав долу, за да ја видам та што ја сакам. Видов је видов горната мала, во мало градинче, босилок садеше, босилок садеше, карамфил вадеше. Чудам се, чудам, како да је речам, како да је речам, како да је стретнам. Ај ти девојче, младо девојче, подај ми гранка каранфилкче, подај ми китка босилок, за да си турам на криво фешче. Ај ти бре лудо, лудо бре младо, ак си женато – гледај си пато, ак си свршено – крши си вратот, ак си јуначе – прескочи плотот, јас ќе ти дадам китка босилок. Префрлила се капина Префрлила се капина, преку висока планина. Не ми била ,капина, туку ми била девојка. На мермер камен седеше, со русо момче зборвеше руса си коса чешлаше, руси мустаки сучеше: -Девојко џанам девојко, дал ми навеза чехлето? -навезаф ти го навезаф, малку ми срма не фтаса, по сфи кази избараф, нигде срма не најдоф. Јуначе, море, јуначе, дал ми го напрај прстенот? -Го напрајф ти го напрајф, малку стребро не фтаса, по сфи кувенџи избарав, нигдека стребро не најдоф. Од записите на Драги Стефанија, пеела Викторија Поп Стефанија... Цутит ружа, цутит ружа Цутит ружа, цутит ружа, лелеј ружа таму долу,. Таму долу, таму долу, лелеј ружа под селото, в ливаѓето некосени, некосени. Размириса, размириса, лелеј ружа, тамо горе, лелеј ружа в планината. Офчару му, офчару му, лелеј ружа помириса, Слезе офчар, слезе офчар, лелеј ружа да ја берет. Садило моме ран бел босиљек Садило моме, мор моме, ран бел босиљек. Как го садило, моме, мор моме, не го видело. Кога го видело, моме, мор моме, орман се сторил. Орман се сторил, моме, мор моме, коњ да пладнуват. Коњ да пладнуват, моме, мор моме, лудо и младо. Туе помина, моме, мор моме, лудо и младо, -Тако ми Бога, моме, мор моме, дај ми босилек! -Ак си женето, лудо, бре младо, оди по потот, оди по потот лудо, бре младо, скрши си черепот. Ак си жененат, (неженет) лудо, бре младо, скочи прескочи, скочи прескочи, лудо, бре младо, сам набери си. Софке девојче с грло преврзано Софке девојче с грло преврзано, с грло преврзано с велешка шамлија,, с велешка шамлија, не строј спроти мене! Не стој спороти мене, изгореф за тебе, изгореф за тебе, како лен за вода, како лен за вода, босиљек за сенка, восиљек за сенка, каранфил за роса, каранфил за роса, трендафиљ за с’лнце. Разиграло се јаболко Разиграло се јаболко, в цареви порти удрило. Цар го јаболко прашаше: -Јаболко, пресно јаболко, шчо те аргати пушчије? Ми изговори јаболко: -Вечера да им готвите, шарено јагне печено. Од записите на Панајот Гиновски. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан