• среда, 25 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
27 јуни 2021 (МИА) Македонски народни преданија и легенди За времето Еден друг овчар од селото Милин Камен, ми прикажа за многу работи за времето, а пак тој ми прикажа за Јоана прикажуачо од град Кочани. Еве како ми кажуаше овчаро за Јоана: овчаро си патуал со татка си и го стреле на пато, та го прашале како ќе биди времето во тие три дни. Јоан му кажал: за првио ден ќе заврнело дож, за втори вет’р и треќо ќе се отвори времето и завистина така станало. Се прикажуа за еден философ и двајца селани што патуале во некое време од село во градо и отворил муабет еднио селанец за другио, та му рекол: - Ај братко, да повјасаме, да ’а заминеме суодолицана, оти по некој саат-два, коа ќе блики некој дож, што не паднал до сеа, та ќе дотечи рекана и треба да ја чекаме дури да протечи. Слушајќи тој збор филосоо откоа му се изнасмеал и му се подбил шега, го прашал од кај веруал на таа ведрина да врни таков силен дож и да дотечи реката толку силна, што да не можи да се гази. При се што не го поверуал филосоо старио селанец, па повјаса со него да ја помини реката со ниет да му се бие шега ако не заврни. За чудо големо, уште не беа дошле до реката, коа беше бликнало еден страшен дож, што беше дотекла толку голема реката, за триста страоји. Коа виде филосоо тоа чудо, на ум стана и го прашал старецо: - Ќе те молам бре старче, ако не ми кажиш од кај знаеше оти ќе врни толкав дож, ако не ми кажиш? - ’И видов овците кај што пасеа покрај пато, со голема натпревараница и од тоа узнав, пријателе – му рекол старио. - Ами освен овците друзи нишани си узнал за коа се расипуа времето?- му рекол филосоо. - Од многу нишани сум узнал, пријателе – му рекол старио – и зел филосоо та сите ји пипал на једна книга и си отишол в град, ји напишал на едно календарче. Ете од таквие сетени старци што прикажуаат за времето и за друзизте работи, се пишуало во вечните календари и во друзите. Кобење од свиња Еден бег кондисал една вечер во куќата од еден селцки поп. Пред да се стемни, видел бегот свињата од попот кај што си играла со полна уста сламужина, трчала низ дворот, беснеала, како да беше се поулајла. Гледајќи бего свињата оти толку многу беснеала, посакал та го прашал попо. - А бре попе, ќе те прашам нешто – му рекол - ако не ми кажиш: заошто беснеит свињата? - Е време ќе ватит, бег, ноќеска ќе ни даит Господ снег, ем арен снег. Јок не врни, јок ќе врни, се заинатиле бего и попо и се ватиле со облог: ако заврни за мутлак, бего ќе му ја даел маската од Арапот што го имал со себе; а пак ако не заврнит, попот да му го даит коњот. Си легнал бего да спие и некоја доба го скорнал Арапот за да види времето какво е надвор. - Ја стани, бре Мерџан – му рекол – да видиш како е времето. Слегол Арапо и видел: - Времето ет бег – му рекол Арапо – на твоето лице и на моето (од кај што беше јасно се заоблачило). Втори пат го пратил, му кажал оти времето било на негоото лице (чисто заоблачено). Во зората трети пат го пратил и Арапот видел снег заврнато. - Е бре Мерџан – му рекол – како е времето? - Времето ет, бег, на бојата од попо брадата. Утрото си дал бего маската на попот и си тргнал по пато да си оит. Одејќи спрел еден оџа и го прашал: - А, бре оџа, ја види во ќитапот какво ќе биди утре времето? - Што знам, бег – му одгоорил оџата – јас Господоата работа, јас не се мешам на Божјата работа. - Јазак да ти биди на оџилако и на китапо, бре оџа, кога не си знаел колку свињата од попо! За времето какво ќе биди Ете како ми кажуал еден чоек селанец откај нас. Некое момче идејќум од Мора од учење, беше се вратило у селанецот да преноќеват, чунки беше го стемнило. Селанецот беше го прибрал, со се што ни видено, ни чуено и беше го нагостил, според адетот на нашите селани. Дошло време да си легнат да спијат, и беше го поканил домаќинот момчето да си влезит в куќи, за да спиет. Момчето неќело в куќи да си легнит, чунки било лето, та му рекло на селанецот да му постелит в гумно. - Арно е и в гумно, бре момче, туку ноќеска ќе врни силен дож, да затоа лежи си в куќи – му рекол селанецот. - Бре, да дож ќе врни а? Зер на рабуш ти виде што знаиш оти ноќеска ќе врнит, на ова чисто време, што дури трептат ѕвездите – му рекло момчето. - Јас на рабуш не глеам, момче, туку преиска кога си дојде кравата од гоеда, прао на јасли в куќи си влезе, да од тоа знам оти ќе врнит, чунки уште од малечок јас тоа сум го запазил, да не е чаре да не заврнит. Откога му се изнасмеало ученото момче со на шега, не го послуша селанецо, ами си легнало в гумно. Туку на полноќ време, како беше бликнало еден дож, како низ ракав, тики беше се окапало момчето чисто, кренало покровот и побегнало дома и му повалил на селанецот на знаењето негоо. - Јазак на моето учење, бре стрико, кога не знам ти што знаиш! – и брго си ошло, чунки се устрамило. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан