• понеделник, 23 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
2 март 2021 (МИА) Свети великомаченик Теодор Тирон  Војникот што го бранеше христијанството Со името на Теодор Тирон е поврзан и празникот Тодорова Сабота (Тодорица) што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост Светиот великомаченик Теодор Тирон (тирон, значи регрут-војник) живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар Максимилијан. За време на владеењето на овој цар извршена е најжестока хајка против христијаните. Тогаш настрадал и светиот великомаченик Теодор. Тој не сакал да се откаже од Христа и на паганските богови да им принесе жртва, поради што бил затворен и мачен. Но и во затворот не се уплашил од смртта туку пеел црковни песни поради што бил осуден на смрт со запалување, и бил запален на клада на 2. III/17 II 306 година. Затоа на овој ден народот го празнува споменот на светиот великомаченик Теодор. Но народот празнува уште еден празник посветен на овој светец. Тоа е Тодорова сабота, како што се вика првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Овој празник е подвижен и зависи од Велигден. Оваа година Тодорова сабота е на 4 март. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан