• сабота, 28 декември 2024

Обилниот дожд предизвика поплави на Арапски Полуостров, 18 лица загинаа во Оман

Обилниот дожд предизвика поплави на Арапски Полуостров, 18 лица загинаа во Оман

Мускат, 16 април 2024 (МИА) – Арапскиот Полуостров е погоден од поплави предизвикани од обилен дожд. Во надојдената вода во Оман  загинаа најмалку 18 луѓе, а се трага по исчезнатите.

Обилниот дожд предизвика поплави и во главниот град на Обединети Арапски Емирати. Поради силниот ветер нарушен е и авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром во Дубаи.

Пред невремето во ОАЕ беа затворени училиштата, а државните службеници работат од дома.

Дождот не е вообичаена појава на Арапскиот Полуостров, па голем број улици немаат дренажа. Властите со цистерни ја испумпуваат водата од улиците и автопатиштата.

Во Дубаи наврнале повеќе од 30 милиметри дожд, а во текот на денот се очекуваат дури 128 милиметри.

Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан