Обилен дожд и силни грмотевици во утринските часови во Атина, на четири грчки острови предупредување за ново невреме
- Во текот на ноќта и во раните утрински часови Атина беше зафатена од силни грмотевици и обилен дожд што создаде проблеми во некои населби, додека пак на четири острови во источниот дел на Егејското море преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака со предупредување до жителите да ги ограничат нивните движења, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 6 декември 2024 (МИА) – Во текот на ноќта и во раните утрински часови Атина беше зафатена од силни грмотевици и обилен дожд што создаде проблеми во некои населби, додека пак на четири острови во источниот дел на Егејското море преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака со предупредување до жителите да ги ограничат нивните движења, јави дописничката на МИА од Атина.
Според порталот „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина до 9 часот утрово во атински населби било регистрирано големо количество дожд од 56 до 70 милиметри.
На некои од булеварите во грчката метропола имаше проблеми во сообраќајот.
Сите оние што се на островите Родос, Самос, Хиос и Псара претпладнево добија порака од бројот 112 со предупредување за силен дожд и грмотевици во следните 24 часа, но и апел да ги ограничат нивните движења и да ги следат упатствата од надлежните. ср/
Фото: Архива МИА