• среда, 25 декември 2024

Обележана хоризонтална сигнализација на површина од 7.626 квадратни метри градски улици и булевари

Обележана хоризонтална сигнализација на површина од 7.626 квадратни метри градски улици и булевари
Скопје, 1 август 2022 (МИА) - ЈП Улици и патишта Скопје соопшти дека нивни екипи по налог на Град Скопје во текот на изминатиов месец ја обележале хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари во вкупна површина од 7.626 квадратни метри. Рачно се обележани пешачките премини и автобуски станици се во површина од 5.301 квадратни метри на булеварот „Партизански одреди“ од крстосницата со булевар „ВМРО“ до крстосницата со улица „Македонски војски“. Машински се обележуваа надолжните линии во површина од 2.325 квадратни метри на улиците во Централното градско подрачје, Мал и Голем Ринг и улиците во општина Аеродром. Исто така во текот на изминатите денови обоени се заштитните огради на мостот „Обединети Нации“ и мостот на улица „Васил Чакаларов“. Поставена е нова вертикална сигнализација, сообраќајни знаци со променлива содржина на булеварот „Гоце Делчев“ на пешачкиот премин после мостот и платоа за смирување на сообраќајот на улицата „Ќемал Сејфула“, а исправени се околу 30-тина сообраќајни знаци кои беа оштетени, информираат од ЈП Улици и патишта Скопје. Посочуваат дека екипите кои работат на ноќното обележување на хоризонталната сигнализација продолжуваат со активностите за рачно обележување на пешачките и автобуски станици во Централното градско подрачје, Мал и Голем Ринг. рп/са/

Остани поврзан