• понеделник, 23 декември 2024

Обезбедени 22.600.000 денари за изградба на резервоар за вода за пиење и потисен цевковод во Тремник

Обезбедени 22.600.000 денари за изградба на резервоар за вода за пиење и потисен цевковод во Тремник
Неготино, 6 февруари 2023 (МИА) - Врз основа на поднесената апликација до Министерството за животна средина и просторно планирање за 2023 година, со доставен основен проект и одобрение за градба, на општина Неготино и се одобрени финансиски средства во висина од 22.600.000 денари за изградба на потисен цевковод и резервоар за вода за пиење во селото Тремник, информираше денеска градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. 
 
 - Предмет на овој проект е изградба на потисен цевковод со должина од 3.300 метри, почнувајќи од бунарот до новиот резервоар, како и изградба на резервоар за вода за пиење со капацитет од 250 кубни метри во Тремник, на КП 3977 во селото, појасни Стојанов. 
 
Тој нагласи дека со реализацијата на проектот ќе се реши децениски проблем со кој се соочуваа жителите на ова неготинско село, со напомена дека предвидениот период за експлоатација на резервоарот, изнесува 30 години. свд/цр

Остани поврзан