• вторник, 24 декември 2024

Обезбедени донации за децата со посебни потреби од ООУ „Невена Георгиева-Дуња"

Обезбедени донации за децата со посебни потреби од ООУ „Невена Георгиева-Дуња
Скопје, 6 март 2022 (МИА) - Преку проектот „Диферент“ обезбедени се дидактички материјал и опрема за децата со посебни потреби од ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, соопштија од Општина Кисела Вода. Донацијата е наменета за сензорната соба во училиштето и се состои од персонален компјутер со монитор заедно со детска тастатура со зголемени тастери и вертикално глувче, скенер, принтер, ламинатор, сензорна табла, други наменски материјали и асистивна технологија.   Креаторот на проектот „Диферент, Сашо Стојановски, кој е родител на дете со посебни потреби, преку соработка со Општина Кисела Вода во оваа сфера, како што се вели во соопштението, смета дека се подигнува свеста во нашето општество и им се подобрува образовниот процес на сите деца со посебни потреби и нивните семејства. „Диферент” е интердисциплинарен проект кој опфати повеќе области од културата, музичката уметност, иновативност, инклузија, работилница за деца со посебни потреби и попречености, како и спроведената хуманитарна акција. - Во фаза на подготовка е следниот проект „Диферент 2“, за која Стојановски веќе договори поддршка од градоначалникот Ѓорѓиевски, велат од општината. Додека во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам, во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ со поддршка од Sweet Support Foundation се организираше и едукативна работилница за улогата на наставниот кадар во процесот на прифаќање на децата со аутизам во образованието, унапредување на методиката на работа и пристап за целосна инклузија во општеството. На работилницата учествуваа претседателката на Sweet Support Foundation, Сезен Цаноска, како и заменик-директорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Александра Србиновска Дончевски и Драган Даскаловски, м-р по специјална едукација и рехабилитација од областа на аутизмот и интелектуалната попреченoст. сх/са/

Остани поврзан