• понеделник, 23 декември 2024

Обединети за Македонија: Ќе се бориме за закон и ред, за доследно спроведување на законите

Обединети за Македонија: Ќе се бориме за закон и ред, за доследно спроведување на законите
Скопје, 26 февруари 2021  Ме радува фактот, што вистината секогаш излегува на виделина, затоа што, уште еднаш се докажа дека Обединети за Македонија не излезе од ВМРО, а излезе од ДПМНЕ. Уште во 2011 година, апелирав дека банда криминална ги злоупотребува светите букви на ВМРО, се изнесуваат пари во други држави и се врши секаков криминал. Меѓу првите го кренавме гласот за слобода и правда. Ми претставува огромно задоволство, што токму луѓето кои ги поддржуваа лошите политики на минатото раководство на ДПМНЕ, дали од неверување или изманипулирани од пропагандната машинерија на тогашниот режим, денес, се согласуваат со нашите тези и ставови. Јас не сум човек што се сити на нечија несреќа, мене не ме исполнува никакво страдање. Можеби и затоа сме различни од нив и затоа се гордеам со тоа. Љубе Бошкоски и нашата Обединети за Македонија секогаш ќе се бориме за закон и ред, а со тоа - доследно спроведување на законите. Политичка партија Обединети за Македонија ___________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан