• четврток, 26 декември 2024

Обвинение за труење кучиња во Неготино

Обвинение за труење кучиња во Неготино

Неготино, 24 февруари 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривични дела „предизвикување општа опасност" и „мачење животни".

- Обвинетиот, на 8 јануари 2023 година, на улицата „Индустриска” во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна. Иако бил свесен дека на местото има голема раздвиженост на луѓе кои би можеле да дојдат во допир со отровот, тој свесно предизвикал значителна опасност, појаснуваат од Обвинителството. 

Оттаму додаваат дека отровот го консумирало куче, кај кое настанала интоксикација и кое угинало. свд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан