• вторник, 24 декември 2024

Обамејанг го однесе Арсенал во финалето на ФА Купот

Обамејанг го однесе Арсенал во финалето на ФА Купот
Лондон, 18 јули 2020 (МИА) – Арсенал го победи Манчестер сити вечерва на „Вембли“ во Лондон со 2:0 во полуфиналето на ФА Купот. Двата гола за „топчиите“ ги постигна Пјер-Емерик Обамејанг. Избраниците на Јосеп Гвардиола, имаа поголем посед на топката, многу повеќе удари кон противничкиот гол, безброј шанси, но на крајот останаа со празни раце, бидејќи Арсенал со два против напада, го реши мечот. Манчестер сити, откако го изгуби трофејот во Премиер лигата, остана и без трофејот во ФА Купот, па утеха ќе бара во Лигата на шампионите. Во второто полуфинале на најстарото фудбалско натпреварување, утре од 19 часот ќе се сретнат Манчестер јунајтед и Челзи. зс/

Остани поврзан