НФЛ клубот од Вашингтон потврди дека ќе го смени навредливото име „Редскинс“
- Тимот, еден од најстарите во лигата на американски фудбал, оформен е пред девет децении, не најави какво ќе биде новото име на клубот и укажа дека разгледува разни веријанти, јави дописникот
Вашингтон, 13 јуни 2020 (МИА) - Тимот од Националната фудбалска лига (НФЛ) од Вашингтон денеска потврди дека ќе го смени логото и терминот „Редскинс“ од своето име, по долгогодишни реакции од домордни Индијанци и неодамна и од спонзори, кои се против употребата на навредливиот термин.
Тимот, еден од најстарите во лигата на американски фудбал, оформен е пред девет децении, не најави какво ќе биде новото име на клубот и укажа дека разгледува разни веријанти, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Одлуката за промена на името на еден од најпопуларните спортски клубови и брендови во САД дојде по бранот протести против расизмот и ксенофобијата во земјата што започна со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во мај за време на полициско задржување.
Досега, стотина американски училишта, колеџи и спортски клубови ги отфрлија имињата и маскотите кои асоцираат со симболите на домородните Индијанци или на политичари и воени лидери од времето на Конфедерецијата кои ги сметали Афорамериканците за робови.
Така на пример НФЛ клубот Канзас Сити „Чифс“, како и Атланта „Брејвс“ и Кливленд „Индијанс“ од МБЛ, главната американска бејзбол лига се некои од клубовите што ги променија своите имиња.