НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово го одбележа патрониот празник
- Националната установа центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово го одбележа патрониот празник. Пред кумановци настапија Соња Пендовска Мадевска и Златко Мадевски, хорот на училиштето „11 Октомври“ и културно уметничкото друштво „Срма“.

Куманово, 7 ноември 2023 (МИА) -Националната установа центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово го одбележа патрониот празник. Пред кумановци настапија Соња Пендовска Мадевска и Златко Мадевски, хорот на училиштето „11 Октомври“ и културно уметничкото друштво „Срма“.
Успешни посетени меѓународни фестивали, „Денови на комедија“ на проза, бројни изложби, промоции, премиери на претстави.
Под центарот функционира и театарот каде што се реализира и една од фазите за реконструкција.
- Во очекување сме на одобрување на средства. Годинава ни се потребни повеќе средства за да се заврши кровот, а потоа и гледалиштето и сцената, изјави директорот на установа Сашо Тодоровски.
Центарот ги очекува и апликациите за проекти.
Речиси секојдневно во центарот за реализираат настани за љубителите на културата и уметноста. ам/ир
Фото: МИА и Општина Куманово