• недела, 24 ноември 2024

НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово ги додели наградите за најдобрите од фестивалот „Денови на комедија“

НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово ги додели наградите за најдобрите од фестивалот „Денови на комедија“
Куманово, 8 ноември 2022 (МИА) - Надлежните од кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“ на денешна свеченост во установата ги поделија наградите за меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2022“. Денеска наградите во форма на плакета по оценка на стручното жири добија за најдобра актерка Горица Поповиќ, Атеље 212 – Белград, Република Србија, најдобар актер Димитар Ѓорѓиевски (за улогата на слугата Пеце во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“) од Театар Прилеп. По примањето на наградата, актерот рече дека кумановската публика умее да препознае добра комедија и добра претстава. Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Коле Ангеловски за (режија за претставата „Паника во хотел Палас“) Театар Струмица. Тој во обраќањето истакна дека е еден од основачите на фестивалот и дека од вкупно 25 години учествувал со претстави две децении. Наградата за најдобра сценографија ја доби Илина Ангеловска за сценографијата во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“ од прилепски театар и за најдобра костимографија – Кирил Наумов („Службогонци“) Драматичен Театар Ловеч, Република Бугарија. Најдобра претстава а е кумановската „Секс и лаги“ На свеченоста се обрати претседателката на жирито Магдалена Ризова Черних која кажа дека наградите се заслужени и особено младите актери од кумановскиот театар за кои рече дека публиката го препознала нивниот талент. Директорот на установата, Сашо Тодоровски истакна дека по години, фестивалот од ревијален премина во фестивал со натпреварувачки карактер што му дава дополнителна димензија. На манифестацијата беа доделени и јубилејни награди за вработените во Центарот за култура и Театар Куманово, по повод патронатот на установата.ам/бт/

Остани поврзан