• сабота, 23 ноември 2024

Нуредини: Ја усвоивме првата долгорочна климатска стратегија со која го трасиравме патот за нискојаглероден развој до 2050 година

Нуредини: Ја усвоивме првата долгорочна климатска стратегија со која го трасиравме патот за нискојаглероден развој до 2050 година
Скопје, 1 септември 2021 (МИА) - Првата долгорочна стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија, со која се дефинира придонесот на државата кон глобалните напори, преку патот кон зелен, ниско јаглероден и климатски отпорен развој, заснован на најдобрите достапни информации и во контекст на пристапувањето на земјата во ЕУ, н а предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, беше усвоена на вчерашната владина седница. Од Министерството за животна средина и просторно планирање, информираат дека откако годинава државата го поднесе својот ревидиран национален придонес кон Парискиот договор, сега како држава кандидат за членство во Европската унија, ја имплементира и обврската за  транспозиција на правната рамка на ЕУ  во својот национален правен систем, имено, рамката за клима и енергија до 2030 година со перспектива до 2050 година. - Долгорочната визија на стратегијата е, Република Северна Македонија до 2050 година да е просперитетна, ниско-јаглеродна економија, следејќи ги одржливите и климатски отпорни развојни патишта, зајакнувајќи ја конкурентноста и промовирајќи социјална кохезија преку акција за борба против климатските промени и нивните негативни влијанија, соопшти Министерот Нуредини по повод усвојувањето на овој национален документ. Квантификувано, се вели во соопштението од МЖСПП, долгорочната цел е намалување на националните нето емисии на стакленички гасови (без вклучени  емисии од авијација и увоз на електрична енергија) за 72 проценти до 2050 година во споредба со нивото од 1990 година (или намалување на емисијата на стакленички гасови за 42 отсто до 2050 година во споредба со 1990 година, со исклучок на секторите Шумарство и друга употреба на земјиштето и емисии од авијација и увоз на електрична енергија) и зголемена отпорност на општеството, економијата и екосистемите кон влијанијата на климатските промени. -Овие инвестиции создаваат најголем број на зелени работни места во 2035 година: 10.000 зелени работни места, што претставува 2,7 пати повеќе работни места од сегашниот број на вработени во термоцентралите на јаглен во државата. Со усвојувањето на долгорочната сратегија за аклиматска акција се трасира патот за апсорпција на средствата од Инвестициската рамка за Западен Балкан, додава Нуредини. Долгорочната стратегија за климатска акција со Акциски План се изработени со поддршка на средства од инструментот за пред-пристапна помош со следење на барањата за изработка на ваков документ согласно Анексот IV на Регулативата на ЕУ за управување со Европската Унија и климатската акција, проширено со аспекти на адаптација на најранливи сектори кон климатските промени и останати хоризонтални прашања. Предложените активности во делот на ублажување на климатските промени се во согласност со другите стратешки и плански документи од областа енергетика. аа/са/

Остани поврзан