Нуклеарната електрана Запорожје пријави прекин на струја
- Надворешното напојување е исклучено во нуклеарната електрана Запорожје, а резервните дизел-генератори се рестартирани според планот, соопшти денеска прес-службата на електраната.
Запорожје, 14 април 2026 (МИА) – Надворешното напојување е исклучено во нуклеарната електрана Запорожје, а резервните дизел-генератори се рестартирани според планот, соопшти денеска прес-службата на електраната.
„Надворешното напојување е исклучено во нуклеарната електрана Запорожје. Ситуацијата е под контрола. Како резултат на автоматска заштита, исклучена е 330 kV далечинската линија Ферославнаја-1. Далечинската линија Дњепровскаја е исклучена од 24 март 2026 година“, соопшти централата на Телеграм.
Станицата се напојува со резервни дизел-генератори, од кои сите се оперативни и работат нормално.
Според претставник на централата, има доволно гориво за работа на дизел-генераторите. јт/мс/
Фото: МИА архива