• вторник, 24 декември 2024

НСРР и Македонско женско лоби бараат од партиите да кандидираат повеќе жени градоначалнички

НСРР и Македонско женско лоби бараат од партиите да кандидираат повеќе жени градоначалнички
Скопје, 16 јули 2021 (МИА) - Македонското женско лоби, Националниот совет за родова рамноправност и другите женски организации до парламентарните политички партии поднесоа барање за поголема застапеност на жените на кандидатските листи за градоначалници/чки.
Од овие организации посочуваат дека е време да им се даде шанса на повеќе жени да се натпреваруваат за можност да бидат избрани за „мајки” на своите општини.
- Согласно начелата на демократијата, репрезентативноста е основа и како вредност и како механизам за рамноправност. Заради нашето долгорочно залагање, работа и искуство на ова прашање, ве повикуваме да опстоите на вашите интерни заложби, и донесените документии декларации за промоција на жените кандидатки за градоначалнички на следните локални избори, соопштија од Националниот совет за родова рамноправност.
Оттаму додаваат дека се надеваат оти политичките кампањи нема да бидат полни со сексизми и говор на омраза кон жените, туку напротив ќе бидат натпревар на програми кои во себе ќе ги имааат во предвид потребите и на жените и на мажите низ нашите градови и села.
- За нас демократијата и човековите права се врвна вредности, а жените во сите процеси како што е во природата така и во општеството треба да учествува со своите полни капацитети, се наведува во соопштението на Националниот совет за родова рамноправност. бт/сп/

Остани поврзан