• вторник, 24 декември 2024

НСДП во Собранието ќе делува опозициски, го усвои извештајот од изборите

НСДП во Собранието ќе делува опозициски, го усвои извештајот од изборите

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - Раководството на НСДП вчера го разгледало и усвоило Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2024 година поднесен од Централниот изборен штаб на партијата и донело одлука во следниот период нивните пратеници да делуваат опозициски. 

-Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија – НСДП го разгледа Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2024 година поднесен од Централниот изборен штаб на партијата на 10. седница која вчера се оддржа во Скопје. Извештајот по плодна и сеопфатна дебата за изборните резултати беше едногласно усвоен. По завршувањето на овие избори НСДП останува парламентарна партија со два пратеници во актуелниот собраниски состав, стои во соопштението.

На седницата донесен е заклучок пратениците на НСДП да делуваат во опозиција, а за начинот и формата на делување ќе одлучуваат во септември.

-Централниот одбор на НСДП донесе заклучок во следниот период пратениците да делуваат опозициски, а за начинот и формата на опозициското делување ќе одлучува на седницата во септември, наведуваат од НСДП. вг/

 

Фото: НСДП лого

Остани поврзан