• среда, 25 декември 2024

Нојер го сруши рекордот на Кан за „суви“ мрежи во Бундеслигата

Нојер го сруши рекордот на Кан за „суви“ мрежи во Бундеслигата
Берлин, 24 јануари 2021 (МИА) - Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер успеа да ја зачува неначната мрежата во 18. коло од германскиот фудбалски шампионат против неговиот поранешен клуб Шалке (4:0). Овој натпревар стана 197-та „сува“ мрежа во Бундеслигата за Нојер по што тој го сруши рекордот на Оливер Кан. Поранешниот голман на Германија во текот на својата кариера имаше 196 „чисти“ мрежи бранејќи за Карлсруе и Баерн Минхен во периодот од 1987 до 2008 година. Нојер е во Баерн Минхен од 2011 година, а пред тоа ги бранеше боите на Шалке. зс/

Остани поврзан