• недела, 22 декември 2024

„Норма“ на сцената на НОБ со првенката Ѓиновска-Илкова

„Норма“ на сцената на НОБ со првенката Ѓиновска-Илкова
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - На сцената на Националната опера и балет вечер во 20:00 часот ќе биде изведена „Норма“, ремек-делото на Винченцо Белини, која се смета за една од водечките белканто опери во светската оперска литература. „Норма“ е трагична опера во два чина, која најмногу се поврзува со магичната арија-молитва на Норма „Casta Diva“. Трогателна приказна за друидската свештеничка и нејзината саможртва во име на љубовта. Операта е под диригенство на Иван Еминовиќ, режијата е на Ренато Бонајуто (Италија), сценограф и костимограф е Флавио Арбети (Италија), коавтор на костимите Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Во насловната улога ќе настапи Весна Ѓиновска-Илкова, во улогата на Полионе Зоран Сотиров, Адалџиза ќе ја донесе на сцената Сандра Митровска, во улогата на Оровезо е Владимир Саздовски, во улогата на Клотилде ќе настапи Соња Пендовска Мадевска, а како Флавио Дејан Стоев, Деца: Василиј и Стефан Дашиќ. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет. вг/мд/

Остани поврзан