Нормализиран сообраќајот на патот Скопје - Тетово
- Сообраќајот од 19 часот беше пренасочуван по стариот пат.

Скопје, 19 декември 2024 (МИА) - Сообраќајот на магистралниот пат Скопје - Тетово е нормализиран, соопштија од АМСМ.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека вечерва околу 18:30 часот, патничко моторно возило „хонда“ со скопски таблички, автобус со тетовски таблички и патничко моторно возило „хундаи“ со скопски таблички, удриле во крави.
Сообраќајот од 19 часот беше пренасочуван по стариот пат. бд/дма/
Фото: МИА архива