Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај Лагово
- АМСМ соопшти дека од 16:25 часот е нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај селото Лагово.

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - АМСМ соопшти дека од 16:25 часот е нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај селото Лагово.
Кај Лагово утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија три лица, а едно беше повредено. ев/са/
ФОТО: МИА Архива