• петок, 26 јули 2024

Нормализиран сообраќајот на патот Костурино-Валандово

Нормализиран сообраќајот на патот Костурино-Валандово

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Нормализиран е сообраќајот на патот село Костурино-Валандово, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, информираат вечерва од Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот беше во прекин за сите видови возила од 19:30 до 20:20 часот.

Според првичната информација од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале автомобили марка „фолксфаген“ и „пежо“, а двајцата возачи биле пренесени во струмичката болница, каде им се извршуваат неопходните прегледи и снимања. бд/рт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан