• недела, 24 ноември 2024

Нормализиран сообраќајот на автопатот Миладиновци - Штип

Нормализиран сообраќајот на автопатот Миладиновци - Штип
Скопје, 17 јуни 2021 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец Миладиновци – Штип, кој беше блокиран кај клучката Три Чешми, е нормализиран, соопшти АМСМ. Сообраќајот на автопатот Миладиновци - Штип беше блокиран поради штрајк кај клучката Три Чешми. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.фф/дма/

Остани поврзан