• сабота, 23 ноември 2024

Нормализирана работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

Нормализирана работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола
Скопје, 29 мај 2022 (МИА) - Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика, соошти АД Електрани на Северна Македонија - ЕЛЕМ. Увид во нормализирањето на состојбите денеска направи генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. - Сакам да упатам голема благодарност до сите вработени во РЕК Битола, особено вработените во рудникот Суводол за пожртвуваноста што ја покажаа изминатите два дена и натчовечките напори што ги вложија за да не трпи производството на електрична енергија. АД ЕСМ како секогаш, така и сега прави се што може за континуирано производство од нашиот најголемиот капацитет, порача Ковачевски. АД ЕЛЕМ информира дека покрај проблемите во работата што ги предизвикаа обилните врнежи од дожд, системите со рудникот Суводол не прекинаа со работа ниту во петокот, ниту за време на викендот и дека таму продолжуваат планираните техничко-технолошки зафати за континуиран ископ на јаглен и јаловина. хс/евн/

Остани поврзан