• понеделник, 16 декември 2024

Норис ја освои пол-позицијата за ГН на Абу даби

Норис ја освои пол-позицијата за ГН на Абу даби

Абу Даби, 7 декември 2024 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе тргне од првата стартна позиција на утрешната трка од  шампионатот во Формула 1  што ќе се вози за Големата награда на Абу Даби.

Ова беа последни квалификации за сезоната 2024. Веднаш до Норис ќе биде неговиот клупски колега, Оскар Пјастри.

Од вториот ред ќе тргнат Карлос Сајнц (Ферари) и Нико Хулкенберг.

Актуелниот светски шампион Макс Верстапен ја освои петтата стартна.

Седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон во својот последен настап за Мерцедес ќе стартува од 18. место.

Почетокот на трката на патеката „Јас Марина“ во Обединетите Арапски Емирати е утре во 14 часот. Со оваа трка се затвора сезоната во Формула 1. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан