• вторник, 24 декември 2024

Норвешкиот екстремист Брејвик бара предвремено ослободување од затвор

Норвешкиот екстремист Брејвик бара предвремено ослободување од затвор
Копенхаген, 16 септември 2020 (МИА) – Андерс Беринг Брејвик, норвешкиот десничарски екстремист кој е во затвор поради напади со бомби и пукање во кои беа убиени 77 лица во 2011 година, бара предвремено ослободување од затвор, изјави денеска неговиот адвокат. Во август 2012 година, Брејвик беше осуден на 21 година затвор за нападите во Осло и во младинскиот камп на Лабуристичката партија во близина на главниот град. Адвокатот Ојстејн Шторвик рече дека поднел барање за условна слобода во име на неговиот клиент. Брејвик има законско право на судска ревизија на неговото барање за предвремено ослободување откако ќе отслужи 10 години затвор, минимум кој е наведен во казната, рече неговиот адвокат. Брејвик, -кој го смени своето име во Фјотолф Хансен, исто така планира уште една тужба против норвешката Влада, жалејќи се дека затворските услови биле во спротивност со неговите човекови права, рече Шторвик. Брејвик претходно неуспешно тужеше поради истите причини. јт/

Остани поврзан