• понеделник, 16 декември 2024

Норвешка ја зголеми помошта за Украина за 2025 на 3,2 милијарди долари

Норвешка ја зголеми помошта за Украина за 2025 на 3,2 милијарди долари

Осло, 28 ноември 2024 (МИА) – Норвешка планира да ја зголеми својата поддршка за Украина за 2025 година на најмалку 35 милијарди норвешки круни (3,2 милијарди долари), соопшти денеска владата.

Од оваа сума, 22,5 милијарди круни треба да се искористат за воена поддршка, додека 12,5 милијарди се наменети за хуманитарна и цивилна помош, пренесе ДПА.

Премиерот Јонас Гар Сторе изјави дека одлуката „испраќа важен сигнал до Украина и до оние што ја напаѓаат земјата“.

Владата првично одвои 15 милијарди круни во државниот буџет за 2025 година за поддршка на Украина. Опозицијата смета дека оваа сума е премногу мала, поради што партиите на почетокот на неделава привремено договорија 30 милијарди.

Парите треба да бидат испорачани преку програмата за поддршка Нансен, преку која Норвешка и ја обезбеди целата своја долгорочна поддршка на Украина.

Програмата, исто така, треба да биде продолжена за уште три години до 2030 година. Владата очекува програмата Нансен да го олесни трансферот на вкупно најмалку 154,5 милијарди круни. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан