• среда, 25 декември 2024

Норвешка прв пат во историјата ќе организира СП во алпско скијање

Норвешка прв пат во историјата ќе организира СП во алпско скијање

 

Рејкјавик, 5 јуни 2024 (МИА) – Норвешка во 2029 година прв пат во историјата ќе биде домаќин на Светско првенство во алпско скијање, а натпреварите ќе се одржат во Нарвик, град со околу 22.000 жители кој се наоѓа на повеќе од 300 километри северно од Арктичкиот круг.

На конгресот во Рејкјавик делегатите на Меѓународната скијачка федерација (ФИС) денеска избираа меѓу три кандидатури, а заедно со Нарвик кандидати беа андорска Солдеа и италијанскиот центар Вал Гардена.

Во вториот круг гласање, Вал Гардена доби повеќе гласови од Солдеа и италијанскиот центар во 2031 година ќе биде местото на одржување на Светското првенство во алпско скијање.

Иако има долга историја на организирање светски првенства во нордиски дисциплини, Норвешка за прв пат доби организација на СП во алпско скијање.

„Ова е монументален ден за норвешкото скијање“, изјави претседателката на Норвешката скијачка асоцијација, Тове Мое Дирхауг.

Светското првенство во 2025 година ќе се одржи во Залбах-Хинтерглем, Австрија, а во 2027 година домаќин ќе биде Кран Монтана, Швајцарија. ег ФОТО: ФИС/Фејсбук

Остани поврзан