• вторник, 24 декември 2024

Норвежанецот Танде во стабилна состојба

Норвежанецот Танде во стабилна состојба
Љубљана, 26 март 2021 (МИА) - Здравствената состојба на норвешкиот ски скокач Даниел Андре Танде, кој вчера доживеа тежок пад на скокалницата во Планица, е стабилна и тој се наоѓа во болница во Љубљана. - Последните медицински прогнози се добри, се надеваме дека утре ќе биде уште подобар и оти веќе ќе може да комуницира со нас. Состојбата беше навистина тешка, Даниел беше во многу лоша состојба по падот, изјави денеска Клас Бреде Братен, спортскиот директор на норвешкиот тим во скијачки скокови. Братен особено ја потенцираше брзината со која на Танде му беше пружена помош, наведувајќи дека норвешкиот ски скокач бил пренесен во болница во Љубљана за само 59 минути по инцидентот. Танде на вчерашниот тренинг на скокалницата во Планица доживеа страшен пад, откако непосредно по скокот загуби контрола врз скиите по што падна на главата и со тешки повреди итно беше пренесен во болница. ег/ми/

Остани поврзан