• недела, 23 март 2025

Ноер повторно се повреди

Ноер повторно се повреди

Минхен, 22 март 2025 (МИА) - Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер повторно ќе биде надвор од терените и покрај тоа што се врати на теренот по лекувањето поради повреда, објавија во саботата лидерите во Бундеслигата.

Искусниот голман „ќе паузира уште еднаш од тренинзите во наредните денови по проблем со мускулот на ногата“.

Во текот на оваа недела, во која има репрезентативни натпревари, Ноер тренира индивидуално од соиграчите.

Следниот натпревар на Баварците во германскиот шампионат е на 29 март против Сент Паули. Во четвртфиналето од Лигата на шампионите, „црвените“ ќе ги одмерат силите со Интер. Натпреварите се на 8 и 16 април.

Повреден е и резервниот голман на Баерн, Јонас Улбиг, кој е младински репрезентативец на Германија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан