• сабота, 23 ноември 2024

Нов ровер за на Месечината, би бил голем колку „џип“

Нов ровер за на Месечината, би бил голем колку „џип“

Лос Анџелес, 3 април 2023 (МИА) - Новата вселенска компанија „Астролаб“ соопшти дека неодамна потпишале договор со „Спејс-Икс“ за карго-мисија „Старшип“, планирана за средината на 2026 година.

Имено, компанијата работи на возило коешто, според најавите, ќе треба да превезува опрема, материјали и луѓе низ површината на Месечината. Станува збор за ровер наречен „Флексибилна логистика и истражувања“ (Flexible Logistics and Exploration - ФЛЕКС). Ќе биде со големина на „Џип ранглер“, што значи дека ќе биде поголем од возилото „Упорност“ на НАСА, што се наоѓа на Марс.

- Ова ќе биде комерцијален карго-договор за „Спејс-Икс“ во врска со површината на Месечината, изјави директорот на „Астролаб“, Џерет Метјус.

Новиот ровер има роботска рака за помош околу товарот. Ќе може да се движи со брзина до 24 км/ч, со двајца астронаути. По успешна мисија, „ФЛЕКС“ би станал најголемиот ровер на Месечината. „Астролаб“ веќе има можни соработници заинтересирани за пренос на товар на нашиот природен сателит, што би значело голема улога во претстојното присуство на луѓето на Месечината. Долгорочната цел, според наводите, е цела флота ровери на Месечината и Марс.  си/

Остани поврзан