• вторник, 24 декември 2024

Нов пожар во близина на Атина, каде што гореше минатата седмица

Нов пожар во близина на Атина, каде што гореше минатата седмица
Атина, 23 август 2021 (МИА) – Во северозападниот дел на областа Атика, поширокиот  регион на Атина, во близина на планиското село Вилја, онаму каде што гореше минатата седмица, денеска изби нов шумски пожар, а превентивно беа евакуирани две села, јави дописничката на МИА од Атина. Поради силниот ветер што достигнува и до осум Бофор, пожарот брзо се шири, а нефицијално предизвикана е и штета на домови. Преку бројот за итни случаи 112, беше испратена порака до жителите на две села за превентивно да се евауираат. Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека интервенираат 167 пожарникари со 60 возила и два пешадиски тима, 61 пожарникар со 18 возила од Романија, 13 хеликоптери и осум авиони, меѓу кои и рускиот Бериев-200. Паралено, пожарот што изби во текот на ноќта во јужниот дел на островот Евија, претпладнево беше локализиран, по што, поради силниот ветер, имаше ново разгорување. И понатаму, интервенираат 64 пожарникари со еден пешадиски тим и 26 возила, а периодично пожарот го гаснат и девет хеликоптери и еден авион. Портпаролот н грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека „размислувањата, сомнежите и заклучоците на сите се во конкретна насока за тоа како може да избие пожар во 2 часот наутро“. ср/ссм/

Остани поврзан