Нов зелен сквер во Аеродром
- Заврши уредувањето на новиот зелен сквер во Општина Аеродром, кој се наоѓа во близина на крстосницата меѓу улицата „Владимир Комаров“ и булеварот „Јане Сандански“. Ова е последната од петте л

Скопје, 3 јуни 2021 (МИА) - Заврши уредувањето на новиот зелен сквер во Општина Аеродром, кој се наоѓа во близина на крстосницата меѓу улицата „Владимир Комаров“ и булеварот „Јане Сандански“. Ова е последната од петте локации што Градот Скопје ги уредува во зелени скверови.
Станува збор за парцела во должина од 1000 метри квадратни, а како што изјави градоначалникот на Градот Скопје Петре Шилегов, направена е по основ на потребите на луѓето што живеат од двете страни на булеварот.
-Ова е последната од петте локации кои што оваа година ги промовивиравме и ги работевме заедно со УНДП и Скопје Лаб како една акција во која што инклузивно беа впишани граѓаните, а тоа за уредување на микросредини кои беа уредени согласно потребите на граѓаните и по основ на анкетите кои ние ги направивме со луѓето кои што гравитираат и живеат тука. Одбиравме во принцип девастирани површини кои можеа да бидат ставени во употреба, рече Шилегов денеска при посетата на зелениот сквер.
Тој посочи дека овој зелен сквер е прилагоден за потребите на граѓаните без оглад на нивната возраст, со оглед на тоа што беа анкетирани граѓани од различни возрасти.
-Со гордост можам да кажам дека дури и сега кога официјално и формално го пуштаме овој сквар и досега веќе стана некако стана препознатливо место каде луѓето од општина Аеродром и соседството доаѓаа да ги поминуваат своите слодободни часови. Градот Скопје во изминативе три години сериозно инвестира во зеленувањето на поврѓините во нашиот град од една страна, но од друга страна и уредување на јавни површини во многу поквалитетна и поинаква употреба, додаде градоначалникот Шилегов.
Постојаната претставничка на Канцеларијата на УНДП во Скопје, Нарине Сахакјан која денеска го посети скверот, изјави дека ова е одлична традиција да заедно со Градот Скопје соработуваат во уредување на вакви зелени површини.
-Градовите влијаат на граѓаните и на квалитетот на животот на различни начини, од социо-економскиот развој, образованието до јавното здравје и животната средина, и затоа работиме на градење на поодржливи градови и затоа е тоа толку важно како дел од целите за одржлив развој, додаде Сахакјан.
Како што појасни, овој проект е дел од една поголема иницијатива за создавање на функционални зелени површини во градот.бт/дма/

