• четврток, 26 декември 2024

Нов албум на починатиот Енио Мориконе

Нов албум на починатиот Енио Мориконе
Рим, 6 ноември 2020 (МИА) - Посмртен албум на италијанскиот композитор Енио Мориконе, беше претставен на Интернет. Колекцијата го носи насловот „Мориконе сегрето“ (Morricone Segreto). Мориконе почина во јули годинава. Албумот содржи 27 дела напишани од композиторот меѓу 1960-тите и 80-тите. Од нив, седум се досега необјавени, а има и помалку познати, иновативни и експериментални мелодии создадени од маестрото на филмската музика. „Секоја песна е полна со значење, смисла за хумор, интензивно оркестрирање и со немирниот дух на композиторот. Во ’Мориконе сегрето’ авторот се претставува во својата најсјајна и најпрепознатлива форма. Тоа е вечна музика“, се вели во соопштението. Според „Ла Република“, во вторник, на 10 ноември - роденденот на композиторот (кога би наполнил 92 години), колекцијата ќе биде издадена на ЦД и лонг-плеј плоча. Албумот ќе може да се слуша и симнува и на легалните интернет-платформи. си/

Остани поврзан