Ново улично осветлување во кавадаречко Шивец
- Почна поставувањето на ново улично осветлување во село Шивец до црквата „Свети Спас’“, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Кавадарци, 3 јуни 2022 (МИА) - Почна поставувањето на ново улично осветлување во село Шивец до црквата „Свети Спас’“, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
-Кабел од 670 метри во висина од 60.000 денари е донација од Машинокоп Кавадарци, а ископот на земја и поставувањето на кабелот со повторно затрупување на ровот е донација од Ја-Ми и е во висина од 70.000 денари, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Од таму наведуваат дека локалната самоуправа рамномерно инвестира во сите урбани и рурални месни заедници со цел рамномерен развој на сите делови од општината. свд/мд/