Ново бебе елен лопатар во скопската Зоолошка
- Малечкото веќе напредува супер и е милениче на целата група елени кои се грижат за него, пишува во објавата на „Фејсбук“.

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Во скопската Зоолошка градина има ново бебе од видот елен лопатар. Информацијата попладнево ја споделија од Зоолошката на нивната страница на „Фејсбук“.
- Малечкото веќе напредува супер и е милениче на целата група елени кои се грижат за него, пишува во објавата. бд/аа/
Фото: Зоолошка градина - Скопје / Горан Анастасовски