Новогодишен добротворен базар за поддршка на жените жртви на семејно насилство
- Настанот е со иницијатива на хумани жени и со поддршка на ЛК „Светлина“ Скопје и Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) – Новогодишен добротворен базар за користен накит и други убави подароци ќе се одржи денеска од 16-19 часот во барот „Интермецо“.
Настанот е со иницијатива на хумани жени и со поддршка на ЛК „Светлина“ Скопје и Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.
За сите собрани средства, како што е најавено, ќе бидат купени ваучери и донирани во Националната Мрежа за да ги подели на корисничките, жените жртви на семејно насилство. ар/аа/
Фото: Национална Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство