• четврток, 26 декември 2024

Нови 884 случаи со Ковид-19, еден починат и 745 оздравени пациенти во изминатите 24 часа

Нови 884 случаи со Ковид-19, еден починат и 745 оздравени пациенти во изминатите 24 часа
Скопје, 28 јули 2022 (МИА) - Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи со КОВИД-19, едно починато лице во болнички услови од Скопје (77г.) и 745 оздравени пациенти. Активни се 5.026 случаи. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 190 реинфекции. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирани се четири починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и Гостивар. Од пријавените лица, три се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.06 до 25.07.2022 година, соопшти Министерството за здравство. Од 884 новозаболени, во Скопје се 359, Битола – 65, Куманово и Прилеп – по 46, Кавадарци – 44, Велес – 41, Охрид – 37, Тетово – 35, Струмица – 26, Штип – 25, Гостивар – 21, Струга - 20, Радовиш – 17, Кичево – 14, Неготино – 13, Гевгелија – 11, Ресен – 10, Дебар – 9, Кочани – 8, Крива Паланка – 7, Крушево – 6, Кратово – 5, Валандово – 4, Берово и Демир Хисар – по 3, Виница, Богданци, Македонски Брод и Дојран – по 2, Пехчево – 1. Досега во земјата направени се вкупно 2.114.405 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 326.154, бројот на оздравени пациенти е 311.760, на починати е 9.368. рп/бак/

Остани поврзан