• среда, 27 ноември 2024

Нови 370 случаи на Ковид-19, 391 оздравени и три починати лица

Нови 370 случаи на Ковид-19, 391 оздравени и три починати лица
Скопје, 5 март 2022 (МИА) - Во последните 24 часа од направени 3.148 тестови регистрирани се 370 нови случаи на КОВИД-19, од кои 51 реинфекција, како и 391 оздравени пациенти и три починати лица, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новите случаи најмногу има во Скопје 225, Битола 24, Прилеп 23, Кавадарци 14 и Куманово и Велес со по 11. Следат Тетово со 9, Охрид и Кичево по 6, Гостивар 5, Струмица, Штип и Ресен по 4, Неготино 3, Кочани, Гевгелија, Дебар, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по 2 и Струга, Радовиш, Крива Паланка, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Демир Хисар и Пехчево по 1. Од вкупниот број на позитивни (370), регистрирана е 51 реинфекција. Од регистрираните 391 оздравени пациенти од се Скопје 209, Кавадарци и Велес по 22, Битола 21, Куманово и Прилеп по 17, Ресен 9, Охрид, Струмица и Струга по 8, Тетово, Гостивар и Кичево по 7, Штип, Гевгелија, Свети Николе и Крива Паланка по 4, Кочани, Неготино и Богданци по 3 и Пробиштип, Кратово, Крушево и Дојран по 1. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се три починати лица: по едно починато лице од Скопје (72г), Велес (74г) и Охрид (64г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени уште седум починати лица од Тетово (1), Битола (1), Куманово (1), Крива Паланка (1), Струмица (1), Прилеп (1) и Ресен (1). Починатите лица се на возраст од 37 до 89 години. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 02.03.2022. Од пријавените лица 3 лица се починати во домашни услови, а 4 во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети. Направени се 3.148 тестови преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-78, УК Пулмологија со алергологија –2, Институт за микробиологија–126, Жан Митрев (Филип Втори)-43, Авицена-112, Биотек-117, Систина-57, лабораторија Лаор-180, Синлаб-22, Ремедика-7, Плодност-16, Генеа-15, Никоб Лаб-261, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-34, Ројал Медика–18, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.537. Досега во земјата се направени вкупно 1.904.443 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.419, бројот на оздравени пациенти е 287.518, на починати е 9.075 а бројот на активни случаи изнесува 2.826. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 139688, Активни 1545
Куманово 16295, Активни 135
Битола 14336, Активни 155
Прилеп 13649, Активни 150
Тетово 13332, Активни 84
Кавадарци 10197, Активни 106
Велес 9500, Активни 110
Гостивар 9455, Активни 48
Охрид 8536, Активни 59
Струмица 7918, Активни 29
Штип 7915, Активни 33
Кичево 5446, Активни 58
Кочани 4982, Активни 20
Струга 4652, Активни 27
Гевгелија 4277, Активни 54
Неготино 3616, Активни 32
Свети Николе 2604, Активни 10
Ресен 2606, Активни 44
Радовиш 2479, Активни 10
Крива Паланка 2380, Активни 24
Делчево 1900, Активни 9
Дебар 1644, Активни 11
Берово 1628, Активни 4
Валандово 1459, Активни 3
Виница 1350, Активни 5
Пробиштип 1259, Активни 7
Богданци 1002, Активни 10
Кратово 938, Активни 9
Крушево 908, Активни 4
Демир Хисар 814, Активни 12
Македонски Брод 731, Активни 4
Демир Капија 581, Активни 9
Македонска Каменица 521, Активни 4
Пехчево 482, Активни 1
Дојран 339, Активни 1. вг/сп/

Остани поврзан