Нови пунктови за собирање електричен и електронски отпад во Берово
- Се проширува на мрежата за селектирање на различни видови отпад во Берово. За таа цел, на повеќе пунктови на територијата на Општина Берови поставени се нови контејнери за собирање на електричен и електронски отпад.

Берово, 3 ноември 2023 (МИА) - Се проширува на мрежата за селектирање на различни видови отпад во Берово. За таа цел, на повеќе пунктови на територијата на Општина Берови поставени се нови контејнери за собирање на електричен и електронски отпад.
-Контејнерите се обезбедени во соработка со фирмата НУЛА ОТПАД ДОО Скопје и истата ќе ги превзема и ќе постапува со собраниот електричен и електорнски отпад и отпадни материи, согласно согласно склучен договор за соработка со Општина Берово, информираа од Општината.
Вакви контејнери поставени на се на нови шест локации во градот.
-Целта на оваа активност, е зголемување на свеста на населението за селектриање на отпадот, како и поголема грижа за природата, да се намали загадувањето и секој да допринесе кон поздрава и почиста животна средина и кон зачувување на планетата Земја, додадоа од Општината.
Оттаму најавија дека ваквите и слични активности ќе продолжат и во наредниот период. вс/дма/
Фото: МИА