• петок, 20 март 2026

Нови напади врз постројки за ЛНГ во Катар предизвикувајќи големи пожари и материјална штета

Нови напади врз постројки за ЛНГ во Катар предизвикувајќи големи пожари и материјална штета

Доха, 19 март 2026 (МИА) - Неколку инфраструктурни објекти, кои преработуваат течен природен гас (ЛНГ), беа цел на ракетни напади рано утрово предизвикувајќи големи пожари и материјална штета - соопшти денеска енергетската компанија „Катар енерџи“.

Во нападите нема жртви, а тимови за итни случаи се на местото на настанот, соопшти компанијата на својот официјален профил на „Х“.

Вчеравечер катарските системи за воздушна одбрана успешно пресретнаа четири од пет балистички ракети лансирани кон земјата од Иран, при што петтата балистичка ракета го погоди индустрискиот град Рас Лафан предизвикувајќи голема штета, соопшти неименуван извор.

Рас Лафан е клучна локација за енергетската инфраструктура на Катар, каде што се наоѓа најголемиот објект за преработка на ЛНГ во земјата.

Иран претходно објави дека ќе возврати на неколку земји од Заливот по израелските напади врз иранското гасно поле Јужен Парс.

Иранските ракетни напади врз гасен комплекс во Катар и нападите со дронови во Саудиска Арабија и Кувајт предизвикаа нагло зголемување на цените на нафтата и гасот, а глобалните пазари се подготвуваат за можен енергетски шок стравувајќи од широкораспространети прекини во глобалното снабдување. мс/

фото: Архива

Остани поврзан