• сабота, 23 ноември 2024

Нови израелски напади врз Бејрут по повиците за евакуација на жителите

Нови израелски напади врз Бејрут по повиците за евакуација на жителите

 

Бејрут, 7 ноември 2024 (МИА) - Јужните делови на либанската престолнина Бејрут утринава беа цел на напад, еден час откако израелската армија ги повика жителите да се евакуираат, пренесоа француските медиуми.

Цел на најмалку два израелски напади беа четири населби за кои смета дека се упоришта на проиранското движење Хезболах.

Сликите објавени од француските медиуми покажуваат облаци чад над јужен Бејрут, а очевидци пријавија силни детонации.

Портпаролот на израелската армија претходно апелираше до жителите на четири јужни населби на Бејрут, вклучително и локации во близина на меѓународниот аеродром, да се евакуираат.сд/

фото:МИА архива

Fires broke out following Israeli airstrikes targeting the Tahwitat alAl-Ghadeer area in the southern suburbs of Beirut. pic.twitter.com/D5Ju1r98Qu

— Quds News Network (@QudsNen) November 7, 2024

Остани поврзан