• сабота, 23 ноември 2024

Нови зимзелени садници на булеварот „Киро Глигоров“

Нови зимзелени садници на булеварот „Киро Глигоров“

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) - На средишниот зелен потег на булеварот „Киро Глигоров“ засадени се вкупно 350 зимзелени садници од видот thuja occidentalis smaragd кои праволиниски овозможуваат естетска и еко функција на булеварското зеленило, известуваат од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Скопје.

Оттаму информираат дека тимови на градските претпријатија „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, како и „Комунална хигиена“, во текот на изминатата и следната недела работат на санација и уредување долж булеварот „Киро Глигоров“ со цел, како што се вели во соопштението, постапување согласно барањата на граѓаните преку канцеларијата „Скопје 24 часа отворен град“. сх/вј/

Фото: ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје

Остани поврзан