• недела, 22 декември 2024

Нови апсења на протестот против анти-ковид мерките во берлин

Нови апсења на протестот против анти-ковид мерките во берлин
Бeрлин,  29 август 2021 (МИА) - Берлинската полиција привремено приведе околу 80 демонстранти против рестриктивните анти-ковид мерки, објави прес -службата на германското МВР. Денешните протести се продолжение на сличните протести на противниците на рестриктивните мерки што вчера се одржаа во Берлин. Тогаш беа приведени и околу 80 лица за различни прекршоци, а четворица полицајци беа повредени. - Досега применивме рестриктивни мерки против околу 80 лица. Фокусот е на насилните луѓе, како и организаторите, кои повикуваат на прекршување на законите за собири и безбедносни мерки против заразата, објави полицијата на Твитер. Неколку илјади демонстранти денеска демонстрираа на улиците на германскиот главен град. јт/

Остани поврзан