• четврток, 26 декември 2024

Нови апарати, подобрување на инфраструктура и доекипирање за кумановската болница

Нови апарати, подобрување на инфраструктура и доекипирање за кумановската болница

Куманово, 11 ноември 2024 (МИА) - Нови апарати, инфраструктурно доуредување и подобрување на кадровскиот потенцијал ќе добие кумановската општа болница. Министерот за здравство, Арбен Таравари, при денешната посета на установата рече дека новата стратегија која подготвува министерството, која ќе биде готова до крајот на наредната година ќе ги утврди приоритетите за здравствените установи.

- Куманово после Скопје е вториот по големина град во Македонија. Прв пат доаѓам во општа болница во Куманово, изгледот е разочарувачки, искрено не дека само во Куманово во повеќето болници со ретки исклучоци изгледот е ваков и сериозно треба да седнеме и да разговараме што можеме во идниот период да направиме. Секако немаме магично стапче и да кажеме од идната или од оваа година ние сè ќе средиме, бидејќи е невозможно, многу работи зависат од финансии, буџетот го наследивме, така како што наследивме и се обидуваме барем преку апаратура оваа година, идната да видиме ако успееме да започнеме две болници коишто се започнати да се градат во Македонија, едната од 1998 година во Кичево, втората во Штип, почната 2010/11 така што за Куманово да видиме што можеме да реновираме како што тоа го правиме во Битола, Гостивар, Тетово, Струга, Охрид … одделенија каде што треба да се интеревенира наеднаш, што побргу да се подобрат условите, изјави министерот.

Близината со Скопје е позитивна за кумановци, Министерството ќе утврди што е најважно и што е потребно да се инвестира во здравствената установа која го покрива североисточниот плански регион. Министерот Таравари вели дека е потребно да се инвестира што ќе покаже стратегијата која ресорното министерство ја подготвува со Светската здравствена организација.

- Инаку, генерално ја мислам како држава ни треба и стратегија тоа што го кажавме, Куманово од Скопје е 30, 40 минути оддалечено тоа е веќе една позитивна страна за Куманово, но сепак и овде да видиме што е најбитно и најважно што треба да се работи, кај треба да се инвестира, да не правиме луксузи, не ни треба во сите градови да имаме секакви специјализации за покомплицирани случаи, коишто реално и немаме човечки ресурси во одредени болници, така што во стратегијата која веќе ја подготвуваме какао МЗ заедно со СЗО која треба да биде готова до крајот на следната година ќе видиме и да видиме кои приоритетите за инвестиции толку колку што можеме, додава министерот.

Директорот на болницата, Стефан Трајановски рече дека здравството е девастирано. За кумановци проблем е локацијата на ургентниот центар сместена во потесна улица каде често се создава сообраќаен метеж што дополнително ја отежнува состојбата со животозагрозувачки пациенти кои итно мора да се прегледаат. Тој најави дека пациентите со термини во иднина ќе се прегледуваат во таканаречената „сина зграда“, итните на ургентниот.

- Наследивме девастирано здравство кај што влеговме има само еден рендген апарат кај се сликаат и термински и итни случаи, над него е комјутерски томограф и таму исто и термински и итни на улицата која е слепа одат и термински и итни случаи излезот од болницата досега имаше непријатни случки кога санитетски возила со животозагрозувачки пациенти се заглавуваа зашто не можат да пријдат во слепа улица поради метеж и неразминување каде што е лоцирана. Оваа е од павиљонски тип болница и на друго место можеше да бидат лоцирани термински прегледи, а тука треба да бидат итни случаи е тоа ќе ми е основна заложба покрај техничка опременост и инфраструктурно распределување и оргаанизација на движење на пациенти, итни само тука, со термин во сината зграда таму да бидат оние со термин, односно неитните, осовременување со апарати ние ќе купиме апарати, но кадровски е основниот кој треба да го смени ликот кон граѓанинот кој треба да добие позитивен впечаток за смена на власта, не можеме да го направиме со магично стапче, вели Трајановски.

Тој кажа дека се сложиле со министерот да ги придвижат работите во позитивна насока.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот за здравство рече дека според статстиката на одговрните од Детска клиника, намален е морталитетот во однос на претходните години. Онаму каде што се забележуваат лекарски грешки, додаде тој, самото министерство иницира постапки. Таравари потенцираше дека здравството е оставено во девастирачка состојба и дека сега се покажуваат последиците, за што, рече министерот ќе биде потребно време да се надминат состојбите.

- Ни ги оставија овие услови и сега се соочуваме со последиците коишто ги наследивме. Така што ни треба време дури ни година, две, три, четири за подобрување на условите во здравството и образованието, особено ни треба период, меѓутоа ќе се обидеме и ќе работиме макотрпно и ќе дадеме се од себе да подобриме толку колку што можеме ние, а тие што ќе дојдат после нас да си продолжат да инвестираат во здравствени институции, изјави Таравари.

Во однос на смртта на починатата родилка во Куманово, министерот немаше дополнителни информации за случајот. Тој лично разговарал со комисијата која едногласно се сложила дека немало лекарски пропуст.

Кумановската болница се затоплува на гас. ам/сст/


Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан