• вторник, 24 декември 2024

Новите членови на грчката Влада положија свечена заклетва

Новите членови на грчката Влада положија свечена заклетва
Атина, 5 јануари 2021 (МИА) - Поделени во три групи, со претходно направен рапид тест за Ковид-19 и под зголемени мерки за заштита од коронавирусот, новите членови на грчката Влада денеска во претседателската палата положија свечена заклетва, јави дописничката на МИА од Атина. Свечената заклетва на 20 министри, заменици и алтернативни министри, од кои некои се нови, а други со нова позиција, беше дадена пред претседателката на државата Катерина Сакеларопулу и премиерот Кирјакос Мицотакис, по вчерашната реконструкција на Владата. Со исклучок на двајца заменици министри, останатите положија религиозна заклетва, додека пак сите, пред свеченоста, со рапид тестови беа тестирани за Ковид-19. Поради пандемијата и мерките на ограничување, министрите кои положија религиозна заклетва беа поделени во три групи по шест лица. ср/гт/

Остани поврзан