• сабота, 23 ноември 2024

Новиот шкотски премиер ќе го оспори британското вето на шкотскиот Закон за промена на полот

Новиот шкотски премиер ќе го оспори британското вето на шкотскиот Закон за промена на полот

Единбург, 13 април 2023 (МИА) - Новиот шкотски премиер, Хамза Јусаф, денеска изјави дека ќе продолжи со планот на неговата претходничка Никола Старџен да ја оспори одлуката на британската Влада за блокирање на законот што им олеснува на жителите на Шкотска да го променат полот на официјалните документи.

-Правниот предизвик сега е нашиот единствен начин да ја одбраниме нашата парламентарна демократија против ветото од Вестминстер, изјави Јусаф.

Старџен, поранешната шкотска премиерка, вети дека ќе го брани контроверзниот закон, но тоа беше доведено во прашање откако таа ненадејно поднесе оставка. Нејзината одлука предизвика жестока битка за наследник во Шкотската национална партија. Битката ја доби Јусаф, близок соработник на Старџен, кој имаше двајца ривали кои се спротивставија на законот за промена на полот.

Нацрт-законот беше усвоен од шкотскиот Парламент во декември, но беше блокиран од британската Влада, која тврдеше дека може да го поткопа законодавството за еднаквост ширум Велика Британија.

Јусаф не сакаше да каже дали прашањето за вето ќе оди пред суд, но кажа дека прво размислува да обезбеди правен совет. сд/

 

Остани поврзан