• четврток, 02 април 2026

Новиот тетовски градски мешан хор „Балтепе“ ќе одржи два велигденски концерти насловени „Блесоглас“

Новиот тетовски градски мешан хор „Балтепе“ ќе одржи два велигденски концерти насловени „Блесоглас“

Тетово, 1 април 2026 (МИА) - Градскиот мешан хор „Балтепе“ од Тетово кој е формиран во септемри 2025 година, најавува два големи велигденски концерти под заеднички наслов „Блесоглас“, кои ќе се одржат на почетокот на април во општините Брвеница и Јегуновце и ќе бидат слободни за следење.

Првиот концерт е закажан за 4 април (сабота) во општинската спортска сала во Брвеница, со почеток во 18:30 часот. Веднаш следниот ден, на 5 април (недела), хорот ќе настапи во местото Пештер во Јегуновце со почеток во 12:30 часот.

-Градскиот мешан хор „Балтепе“ е релативно нов состав, формиран во септември 2025 година на иницијатива на група ентузијасти. И покрај краткиот период на постоење, хорот веќе зад себе има значајни настапи на јубилеите на планинарскиот клуб „Љуботен“ и градскиот хор „Вардар“ од Скопје, информира диригентката Ѓорѓеска – Каро, која е основач на тетовскиот хор.

Таа е добитник на бројни меѓународни награди и признанија, меѓу кои и престижната награда „Георги Божиков“, го води составот кој обединува хористи од различни возрасти со единствена цел – промоција на хорската уметност. ас/

Фото: ГМХ „Балтепе“ 

Остани поврзан